Австралиската држава Викторија денеска влегува во петтиот ден на строга „блокада“, затоа што властите се обидуваат да спречат трет бран на епидемија на т.н. британска мутација на коронавирусот.
Здравствените власти денеска потврдија само еден нов локално пренесен случај на Ковид-19, а вкупниот број на пациенти кои се во карантин во еден аеродромски хотел во Мелбурн е 14 и сите се заразени со британската мутација на вирусот, додека во целата држава Викторија има 20 случаи.
На аеродромот во Мелбурн денеска ќе слетаат уште пет авиони со околу стотина патници, а потоа меѓународниот воздушен сообраќај ќе биде прекинат до среда.
На Австралија опен, првиот тениски Гренд слем турнир во годината, присуството на гледачи е забрането до среда.
Австралија се смета за една од најуспешните земји во светот во борбата против епидемијата на коронавирусот.
Со население од околу 25 милиони жители, Австралија досега има регистрирано околу 22.200 случаи на Ковид-19 и 909 починати.