Австралијците излегоа на улиците да протестираат поради владината неактивност за климатските промени додека беснеат пожарите низ Австралија.
Главните улици во Сиднеј беа блокирани додека демонстрантите извикуваа „СкоМо мора да си оди“ алудирајќи на австралискиот премиер Скот Морисон, додека други носеа транспаренти на кои пишуваше „Не постои клима Б“ и „Спасете не од пеколот“.
Протестите се одвиваа и во главниот град на Австралија, Канабера и во Мелбурн кои се меѓу градовите со најзагаден воздух во светот.
Австралија минатата година ги намали своите обврски во врска со Парискиот договор за клима. Дваесет и седум луѓе загинаа, а илјадници останаа без своите домови откако огромните пожари уништија повеќе од 10,3 милиони хектари земја. Австралиските власти повика повеќе од 250.000 граѓани да се евакуираат поради ширење на пожарите.