Полицијата на Нов Јужен Велс приведе 24 лица осомничени за намерно предизвикување пожари во катастрофалната сезона во која досега загинаа 18 лица во таа австралиска држава.

Во притвор се и три лица осомичени за грабеж во имоти зафатени од пожари. Од 8 ноември полицијата презела акции против 183 луѓе поради пожарите.

Речиси пет милиони хектари изгореа во Нов Јужен Велс од септември, и уништени се 1482 куќи и убиени стотици милиони животни и добиток.

Дваесетина други ризикуваат затворски казни до 25 години поради подметнување пожари.