Австралиската полиција уапси тројца мажи за кои постои сомнеж дека подготвувале терористички напад во Мелбурн.

Апсењата се случуваат една недела откако маж уби еден човек во градот во напад што полицијата го окарактеризира како терористички чин.

Тројцата осомничени, кои се на возраст од 30, 26 и 21 година, се австралиски државјани со турско потекло.

Тие се обиделе да се снабдат со полуавтоматски пушки за да го извршат нападот. Полицијата дејствувала брзо и го спречила спроведувањето на терористичкиот план според кој тројцата мажи требале да нападнат локации во Мелбурн каде што има многу луѓе.