Иако се приближуваат летните одмори, туристичките агенции во Австрија се соочуваат со затворање.
Здружението на австриски туристички агенции (OeРВ) предупредува дека може да дојде до бран стечаи на туристичките агенции, кои се погодени од тековната пандемија на коронавирусот.
– Отворањето на агенциите во моментот нема смисла. Работата што агенциите во моментов ја имаат може да се изврши со скратено работно време, од дома, изјави претседателот на здружението Jозеф Петарлајтнер.
Тој рече дека во моментов патувањата се откажуваат, дека некои клиенти ги менуваат платените датуми, но оти речиси нема нови уплатени аранжмани.
Според него, туристичките агенции во моментов имаат само скапи трошоци за вработените, скапи кирии, а исто така мора да ги вратат и уплатените пари.