Австријците кои се во странство треба под итно да се вратат, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц, најавувајќи дека набрзо ќе ги укине летовите.
Тој за австриската државна телевизија ОРФ изјави дека во моментот авиосообраќајот е на минимум, а кога сите Австријци ќе се вратат, сите летови ќе бидат укинати кон подрачјата загрозени со новиот коронавирус.
Австриската Влада го прошири списокот со земји за кои важи забраната за летови, каде се Русија, Украина, Велика Британија и Холандија.