Министерката за европски прашања во австриската Влада, Каролина Едстадлер, бара регистрација на сите имами во ЕУ.

„Верувам дека во борбата против политичкиот ислам во ЕУ, по примерот на Австрија, треба да се воспостави европски регистар на имами“, потенцира таа во интервју за германски „Велт ам Зонтаг“.

Таа објасни дека со фактот дека повеќето имами патуваат во земјите на ЕУ, па затоа е важно безбедносните власти да знаат кој во која џамија проповеда.

Според неа, треба да се внимава парите од новиот буџет на ЕУ да не стигнат до организации и здруженија кои претставуваат исламистички и антисемитски ставови.

За тоа, смета таа, ќе биде потребна построга контрола на буџетот на ЕУ. Таа исто така посочува дека во ЕУ треба да се воведе забрана за финансирање џамии и муслимански здруженија од странство, што Австрија веќе го стори тоа.