Австрија нема да ја користи руската вакцина Спутник В сè додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Земјата преговара со Русија за купување на еден милион дози, но нарачката сè уште не е објавена.
Досега Курц одбиваше да каже дали земјата ќе чека одобрување од ЕМА или ќе се однесува како Унгарија, која ја користи руската вакцина без одобрение од агенцијата.
Унгарија е единствената земја-членка на ЕУ што ја користи руската вакцина, а и Словачка нарача дози.
– Се надеваме на брзо одобрување од ЕМА, бидејќи секоја дополнителна доза вакцина ќе помогне да се спасат животи, рече Курц и додаде дека Владата се согласила да го нарача лекот.