Парите беа најчестиот подарок за Божик во Австрија оваа година, а според најновото истражување, под елката имало многу повеќе пари отколку минатата година.
Според истражувањето на „Durhbliker.at“, под елка како подарок се наоѓале вкупно 927 милиони евра. Заради споредба, минатата година таа сума изнесуваше 836 милиони евра.
Во просек биле подарени 274 евра по лице.
Парите беа најчестиот подарок за тековниот Божик, следуваат ваучери, книги, филмови и игри.