Ако Германија и Франција формираат европска војска, Австрија нема да учествува во неа, соопштено е од кабинетот на министерот за одбрана на Австрија, Марија Кунасека.
Во соопштението се наведува дека неутрална Австрија не сака да биде дел од европската војска, чие формирање предложија францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.
– Тоа би било во спротивност со Уставот и неутралноста на Австрија, се наведува во соопштението.
Како што се вели во соопштението што го пренесуваат повеќе медиуми од регионот, Австрија иако нема детали за војската што ја предлагаат Германија и Франција, Виена нема да прифати.
Идејата за единствена европска армија ја даде Макрон на почетокот од месецов, при што рече дека е неопходна за да се заштити континентот од држави како Кина, Русија, па дури и САД.
Меркел го поддржа предлогот, истакнувајќи дека таква армија би покажала дека „светот никогаш повеќе нема да дозволи војна помеѓу држави во Европа“.
Американскиот претседател Доналд Трамп не беше одушевен од предлогот и ја потсети Франција дека нејзин непријател во двете светски војни не биле ни САД, ни Кина, ниту Русија, туку Германија, пренесеува Раша тудеј.