Во Австрија повеќе од 90.000 христијани ја напуштиле Католичката црква во 2022 година, што наводно е најголемиот годишен број во историјата на земјата.

Во соопштението на Агенцијата за статистика на Католичката црква, се наведува дека минатата година црквата ја напуштиле 25 отсто повеќе христијани во споредба со 2021 година.

Се додава дека пресудна улога во прекинувањето на односите со Црквата, покрај Ковид-19 и економските услови, одиграл растечкиот секуларизам низ Европа.

Католичката црква во Австрија, која има приближно девет милиони жители, брои 4.733.174 членови, а се наведува дека во 2022 година е забележан пад на католичкото население од 1,96 отсто и дека црквата ја напуштиле 90.808 луѓе.

Наведено е дека бројот на оние кои ја напуштиле црквата во 2021 година изнесувал 72.222, а во тој период пресудни биле обвинувањата за сексуално вознемирување.

Нагласено е дека бројот на католиците, најголемата религиозна група во државата, продолжува да се намалува, а втората по големина група ја сочинуваат луѓе кои не ги декларираат своите верски убедувања. Исто така, наведено е дека бројот на муслимани и православни е зголемен.