Австриските пратеници го одобрија нацрт-законот, кој го предложи десничарската коалициона влада и крајната десница, со кој се забранува носење марами во основно училиште.
Со цел да се заштитат од обвинувањата на муслиманите за дискриминација, во текстот се споменува „облека со идеолошки или религиозни карактеристики, која ја покрива главата”.
Но, членовите на коалицијата на власт, конзервативците на канцеларот Себастијан Курц и крајната десница, јасно кажа дека законот е насочен кон исламската марама, забележуваат светски медиуми.
Имено, Владата истакнува дека покривката за глава, која ја носат момчињата Сики, позната како патка, и еврејската капа, позната како кипа, нема да бидат забранети.
Здружение на австриски муслимани го нарече нацрт-законот „срамен” и „диверзантска тактика”, додавајќи дека многу мал број на девојки носат марами во основно училиште.