Австриските власти денеска запленија 37,7 милиони евра, пари кои се сопственост на италијанската мафија.
Средствата се наоѓале на жиро сметки, вложени во приватна фондација, во фирми и во хартии од вредност. Парите се на членови на мафијашки клан, кој во јужна Италија управува со илегални игри на среќа. Илегално зарботените пари се скриени и испрани преку мрежа распространета низ цел свет, изјави портпаролот на Криминалистичката служба Винценц Кригс-Ау.
Тие пари во Австрија преку мрежа фирми и фондации користени се за купување на недвижен имот.
Австриските власти дејствувале на барање за правна помош, кое го добиле во средината на минатиот месец од страна на државниот обвинител на италијанскиот регион Калабрија.
Парите се запленети непосредно пред осомничените да подигнат пет милиони евра.
– Овој случај уште еднаш покажа колку е важна прекуграничната соработка во борбата против организираниот криминал. Со тимска работа и професионално и брзо дејствување остварен е овој успех, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл.