Повеќе од половината Австријци меѓу 18 и 50 години старост се загрижени поради својата финансиска ситуација во пензија, покажува истражување што го спроведе агенцијата Мајнунгсраум.
Две третиони не очекуваат дека ќе може да живеат од државната пензија и сметаат дека со тоа ќе мора да имаат и дополнителни приходи. Приватното пензиско осигурување станува се поважно и 75 отсто испитаници сметаат дека ќе мора приватно да ја финансираат својата пензија.
Жените се поголеми песимисти отколку мажите за тоа прашање. Дури 66 отсто жени се загрижени за својата финансиска ситуација во пензија, а кај мажите таа цифра е 54 отсто. Исто така анкетата покажа дека Австријците се сѐ позагрижени ако се поблизу до одење во пензија.