Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот парламент направил пробив со вчерашната одлука „да се откаже од ветото“ за отворање на пристапните преговори со Македонија во ЕУ.
Тој му честиташе на бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков за неговата лична заложба за решавање на ова прашање.
Според Нехамер, одлуката на бугарскиот парламент отвора нови можности и го забрзува решавањето на спорот.
Сепак, канцеларот очекува дискусии на македонска страна.
– Верувам дека прашањето може да се реши, вели Нехамер.