Триесет и шест лица загинаа, а деветмина се тешко повредени во судир на автобус и камион во кинеската провинција Џијанѕу, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила кога автобусот преминал на спротивната лента и удрил во камионот.
Според првичните извештаи, пукнала гума на автобусот по што тој преминал во спротивната лента.