Автомобил марка „пежо 206“ со скопски регистерски броеви паднал во еден од каналите од езерцето во Градскиот парк во Скопје, а при незгодата нема повредени.
Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде информираа дека нивни екипи се испратени на терен.
Засега не се познати причините за оваа незгода.
Фотографиите се објавени на Фејсбук од групата „Ние сме од Скопје“.