Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи претпладнево во скопската населба Аеродром, на крстосницата кај „Мајчин дом“.
Како што потврдија од МВР за МИА, денеска околу 10.10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник, по што од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37) количка за дете, во која имало дете.
На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.