Автомобил кој бил паркиран во близина на плажата Горица денеска завршил во Охридско Езеро.

Автомобилот со охридски таблици, како што објави ТВ Сител, паднал помеѓу комплексот вили и плажата „Горица 3“.

Извлекувањето на возилото марка „Тојота“ траеше повеќе часови, а извлекувањето се вршеше со помош на брод и сајли.

Од МВР рекле дека засега не е познато како дошло до несреќата, но потенцирале дека во возилото немало никој.