Жителите на Кавадарци, Неготино и Демир Хисар викендов ќе може да проследат филмски проекции од нивните автомобили. Настанот го организира „Торос филм студио“ во соработка со Министерството за култура.
Во Неготино, проекциите се одржаа синоќа на игралиштето од спортски комплекс „Младост“, а во Кавадарци се вечер во 20:15 часот на паркингот до „Музички парк“, како во Демир Хисар на игралиштето во новата населба во 20:15 часот.
Во сите три градови ќе се прикажува филмот „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и краткометражниот филм „Магнолиа“ на Ана Опачиќ.