Играчот за врска на Реал Мадрид, Еден Азар, кој по доаѓањето од Челзи во Реал често се повредува, рече дека семејството е со него во периодот на закрепнување.
– Имам среќа што кога ќе се повредам, не сум сам. Моето семејство се обидува да ми помогне да го надминам ова. Ова не е крај на светот бидејќи можам да го поминувам времето со моето семејство и децата. Да бев сам, ќе ми беше тешко. Постојат многу работи што можете да ги направите за време на повредата. Се разбира, можете да тренирате за да закрепнете побрзо, но за некои е потребно долго време. Треба да сум трпелив, да работам напорно и да напредувам, го цитира „On The Front Foot“ Азар.
На 2 февруари беше објавено дека Белгиецот го пропуштил тренингот на Реал Мадрид поради непријатност. Следниот ден тој започнал да тренира, но бил повреден.
Во сезоната 2020/21, Азар одигра 13 натпревари за Реал Мадрид, постигна три гола. Триесетгодишниот Белгиец пропушти поголем дел од оваа сезона поради повреда.