Американскиот претседател Доналд Трамп го оствари својот сон за „промена на режимот“, но тоа не се случи во Иран, туку во морињата на регионот на Блискиот Исток, соопшти денеска претседателот на Комисијата за безбедност на иранскиот Парламент, Ебрахим Азизи.
„Ормуската Теснина сигурно ќе биде отворена, но не за вас. Ќе биде отворена за оние кои ги следат новите правила на Иран. Ерата од 47 години гостопримство е завршена“, напиша Азизи на својот профил на Икс.
Трамп минатата недела изјави дека имало промена на режимот во Иран, тврдејќи дека Иран е „насилник“ на Блискиот Исток во последните 47 години.
„Иран 47 години е познат како насилникот на Блискиот Исток, но тие веќе не се насилници. Тие се во бегство“, рече Трамп, притоа повикувајќи го Иран повторно да ја отвори Ормуската Теснина.
„Тие мора да го отворат преминот на Трамп, мислам Ормуската Теснина. Лажните медиуми ќе речат дека тоа го кажав случајно, но не, нема случајност со мене“, рече Трамп.
Фото: архива




