Најстарата Хрватка Анѓа Периќ од Котленица кај Дугопоље го прослави 108 роденден. Баба Анѓа вели дека заслуга за нејзината долговечност е тешката работа на нива, трпението и добра невеста.
Родена е во 1910 година. Живеела во пет држави, доживеала три војни, а никогаш не отпатувала од нејзината Котленица.
Има три деца, четири внуци и исто толку правнуци. Време за одмор, вели, никогаш немало. Цел живот тешко работела в поле.
Нејзиниот син Владо открива:
– Многу работела. Јадела домашна храна. Најмногу сака месо и вино. Никогаш немој да носиш ручек без месо, а шише вино е шише вода, открива нејзиниот син.
Баба Анѓа одлично ја служело здравјето:
– Еднаш имаше запаление на белите дробови и тогаш прв пат испи апче. За друго не знаеме. Постара е од Хајдук, а Хајдук живее вечно, велат нејзините внуки Гордана и Дијана.
Заедно со фамилијата, велат, се е полесно.
– Тајната на животот е тоа што денес го имаме толку малку, а тоа е радувањето на луѓето и на семејството, велат внуките на баба Анѓа.