Со вечерна богослужба и традиционална Бадникова поворка, денеска во Делчево беше одбележан големиот христијански празник Бадник, во пресрет на Рождеството Христово. Во празничната програма учествуваа бројни верници, деца и граѓани, кои со песнопенија и радосни повици ја најавија божиќната радост.

Празнувањето започна со вечерна богослужба во храмот, а потоа низ улиците на градот се одржа Бадниковата поворка, која веќе со години претставува препознатлив духовен настан во Делчево.

-Овие големи празници, Божик, Богојавление и Велигден, се темелот на нашата православна вера. Без Божик не би можеле да го имаме ни Велигден, а Богојавление ни ја открива Светата Троица. Затоа Црквата со посебна свеченост ги дочекува, започнувајќи ги со вечерна богослужба и Литургија, истакна епископот на Делчевско-каменичката епархија, г. Марко.

МИА