Деца од Дебар и селата Ростуше, Битуше и Велебрдо, подрачјето на Река, ја сочинуваа бадниковата поворка на радоста, која денеска, пеејќи ја ангелската песната „Вечниот Бог“ минаа низ главната и неколку споредни улици во Дебар и во Ростуше.
Поворката тргна од кај кружнот тек, во близина на општинската зграда во Дебар, носејќи во рака пештера – симбол на витлеемската пештера во која е роден Исус Христос, изработена од вредните раце на сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, како и ѕвездички.
Во црквата „Света Петка“ ги дочека намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски, кој срдечно, ним и на другите присутни верници им го честита големиот празник, Христотовто раѓање-Божик, по што дечињата ги даруваше со новогодшни пакетчиња.
Бадниковата поворка потоа продолжи во село Ростуше, админстратвен центар на општина Маврово Ростуше.
– Иако, нас православните не има се помалку по број продолжуваме со традиците. Песната „Вечниот Бог“, одекнуваше низ улиците. Срцето ми се исполни со радост а душата ми ја стоплија овие мали ангелчиња, рече Лилјана Блажевска, мајка на едно од децата бадникари.
Во црквата „Света Петка“ денеска во 16 часот, ќе биде одржано Претпразненство на раѓањето Христово, утре на Христовото раѓање во 7:15 часот златоустова литургија, а богослужби ќе има и следните два дена.
Во Бигорскот манастир каде божилните празнувања почнаа во четвртотко, денеска продолжуваат празнична Вечерна богослужба во чест на Рождеството Христово со почеток во 15 часот а од 18:00 до 19:30 ќе има бадникова закуска со пеење на Божикни каланди.
-Во 21:00 часот почнува сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово, Големо повечерие со Литиски и Стиховни, Утрена и Божествена Василева Литургија, со којашто ќе чиноначалствува старецот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.
Божикни каланди пред епископот Антаниски г. Партениј игумен на Свештената бигорска Обител, синоќа пееја членовите на хорот „Митрополит Козма Пречистански“.
Фото: МИА