Германскиот фудбалски прволигаш Баер Леверкузен соопшти денеска дека поради лошата резултатска низа го раскинал договорот со тренерот Питер Бош, назначувајќи го за негов наследник Ханес Волф.
Холанѓанецот Бош седна на клупата на екипата од Леверкузен во 2019 година и минатата сезона беше на чекор до пласман во Лигата на шампиони, освојувајќи го петтото место во Бундеслигата.
-Гледајќи го нашиот фудбалски развој во изминатите неколку недели дојдовме до заклучок дека разделбата со Питер Бош беше неизбежна, изјави спортскиот директор на Баер, Руди Фелер.
Бош на должноста ќе го наследи заменикот селектор на германската репрезентација до 18 години, Ханес Волф (39), кој со Баер потпиша договор до крајот на актуелната сезона. Волф претходно во кариерата ги предводеше екипите на Штутгарт и Хамбургер.