Дефанзивецот на Баерн, Жером Боатенг, најверојатно, ќе го напушти клубот. Клубот од Минхен е подготвен да се раздели со 31-годишниот Германец за пет милиони евра, објавија германските медиуми.

За Боатенг заинтересирани се лондонските екипи Арсенал и Тотенхем. „Топчиите“ веќе започнаа преговори во врска со трансферот на дефанзивецот.

Оваа сезона, Боатенг учествуваше на 14 натпревари во сите натпреварувања. Тој игра за Баерн од 2011 година.