Второ коло по ред во фудбалската Бундеслига, актуелниот првак Баерн Минхен, освојува три бода со голови во финишот.

Денеска на „Алијанц арената“ во Минхен, екипата на Волфсбург 85 минути добро се бранеше и одолеваше на нападите на фаворитот, но финишот, младиот Циркце и Гнабри погодија за победа на баварците од 2:0. И пред неколку дена Баерн имаше нерешен резултат до последните минути, а истита двајца фудбалери дадоа по еден гол за победа од два гола разлика.

Со оваа победа, Баерн остана на четири бода минус зад лидерот Лајпциг, кој губеше на полувреме со 0:1, а потоа со пресврт го победи Аугзбург со 3:1. Друштво на врвот може да му прави Борусија Менхенгладбах ако ја совлада Херта.