Играчот за врска на Баерн, Кингсли Коман, ќе остане во клубот од Минхен, пренесува „Скај Германија“.

Според изворот, управата на клубот нема намера да го ослободи 24-годишниот француски фудбалер за кого се интересира Манчестер јунајтед.

Коман оваа сезона одигра 13 натпревари за Баерн, постигна пет гола и направи девет асистенции.