Еден од најталентирани хрватски фудбалери, 16-годишниот Ловро Звонарек, потпиша професионален договор со германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен.
Звонарек го засилува акуелниот германски шампион од редовите на Славен Белупо, каде ќе остане до крајот на оваа сезона, пред да му се приклучи на Баерн од јуни 2022 година.
– Баерн е еден од најголемите и најуспешни светски клубови. Горд сум што сум тука и што можам да го носам овој дрес, изјави Звонарек.
Талентираниот играч за врска е втор најмлад дебитант во историјата на хрватското првенство.