Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, синоќа учествуваше на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со Лацио. Дваесет и шестгодишниот Германец стигна до 38 победи на првите 50 натпревари на турнирот, соборувајќи го рекордот во елитното натпреварување.
Кимих ги надмина соиграчот Томас Милер и играчот за врска на Реал Мадрид, Каземиро, кои имаат по 36 победи на своите први 50 средби во Лигата на шампионите.
Баерн го победи Лацио во Рим со 4:1 и направи голем исчекор кон четвртфиналето. Баварците се бранители на трофејот во најсилното клупско европско натпреварување.