Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер учествуваше во натпреварот од германското првенство против Борусија Менхенгладбах (6:0) и изедначи рекорд без примен гол.
Триесет и петгодишниот голман го одигра својот 204. меч без да биде совладан и се израмни со рекордерот во историјата на Бундеслигата, Оливер Кан.
Во исто време, Ноер има 437 настапи во кариерата во Бундеслигата и до рекордот на Кан стигна со 120 натпревари помалку. Кан до 204-те „суви мрежи“ дојде по одиграни 557 бундеслигашки натпревари.