Нов договор и повисока плата ќе му понуди актуелниот европски првак Баерн Минхен на својот најдобар стрелец Роберт Левандовски, објави германскиот весник „Спорт 1“.
Полскиот репрезентативец има договор со Баерн до лето 2023 година, а клупското раководство ќе му понуди продолжување на соработката до 2025 година.
Германскиот весник наведе дека Баерн веќе стапил во контакт со менаџерот на Левандовски, Пини Захави, и оти во следните неколку недели се очекува да има развој околу новиот договор.
Најдобриот стрелец и фудбалер на светот за 2020 година и оваа сезона игра на високо ниво и досега на 36 натпревари во дресот на Баерн постигна 42 голови, додавајќи и осум асистенции.