Раководството на Баерн Минхен е подготвено да го продаде играчот од средниот ред Тијаго Алкантара. Според „Билд“, минхенскиот клуб е подготвен да се раздели со 29-годишниот Шпанец за 30 милиони евра.
Претходно беше објавено за интересот за играчот од страна на Ливерпул.
Во сезоната 2019/20, Тијаго одигра 36 натпревари за Баерн, даде три гола и направи две асистенции.
Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на Шпанецот на 48 милиони евра.