Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел може да се врати во германскиот шампионат, пренесува „Скај спорт Дојчланд“.

Според изворот, германскиот фудбалски стручњак влегол во сферата на интерес на Баерн Минхен, кој веќе го контактирал тренерот по отказот на Нико Ковач. Управата на клубот е подготвена да го покани Тухел во текот на зимскиот преоден рок.

Ако договорот не се спроведе во блиска иднина, Баварците се подготвени повторно да се обидат да го донесат Тухел по крајот на сезоната и да му понудат долгорочен договор.

Во моментов германскиот шампион е предводен од привремениот тренер Ханс Флик.