Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге потврди дека играчот од средниот ред на Баварците, Тијаго сака да го напушти клубот и дека би можел да биде продаден во текот на летото.
Дваесет и девет-годишниот шпански интернационалец е сериозно поврзан со Ливерпул, Манчестер Јунајтед и други европски клубови, откако влегува во последната година од неговиот тековен договор.
Тој му открил на раководството на германскиот шампион дека нема желба да го продолжи сегашниот договор.
Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ не успеал да го убеди поранешниот играч на Барселона да остане во Германија.
– Всушност, разговорите меѓу него и Хасан беа многу продуктивни. И во еден момент се чинеше како да може да се постигне нов договор. Но, тогаш Тијаго го извести Хасан дека сака да проба нешто ново и поразлично. Мораме да го прифатиме тоа. Имаме договор кој важи уште една година и доколку се согласи на трансфер во друг клуб, овој тим ќе мора да плати одредена сума за неговите услуги. Не сакам да давам јавни коментари за односната цена, што ја имаме на ум. Тогаш ќе се справиме со неговото заминување, но нема да направиме летна продажба. Јас воопшто не сум лут, го сакам Тијаго. Мислам дека тој е одличен играч и добар карактер. И не треба да заборавиме – на 29 години, тој е на возраст кога ако сака нов предизвик, треба да го стори тоа сега, затоа што во неговите 30-ти ќе биде потешко за него да направи трансфер, изјави Румениге за „Скај спортс“.