САД веднаш ќе испратат на Блискиот исток околу 750 војници како одговор на насилните протести пред американската Амбасада во Багдад. Тоа го изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер.
Во соопштение тој наведува дека одобрил испраќање пешадиски батаљон од 82. воздухопловна дивизија каде се Силите за брза реакција. Тој прецизира дека дополнителните трупи од Силите за брза реакција ќе бидат ангажирани во следните денови.
Американските трупи втор ден испукуваат солзавец за да растераат демонстранти собрани пред американската Амбасада во Багдад.
Пред објектот на Амабсадата десетици проирански милитанти и нивни приврзаници се уште демонстрираат ден откако упаднаа во тој објект и унуиштија зона за прием и искршија прозорци.
Американски маринци кои ја обезбедуваат Амбасадата фрлија созлавец откако демонстранти запалија оган на кров на објект за прием. Од објектот се уште се издига чад.
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз Амабсадата во Багдад. Иран отфрла каква било вмешаност во тој инцидент.