Претседателот Џо Бајден изјави денеска дека повеќе од 30 земји им се придружиле на САД во искористувањето на националните резерви на нафта во обид да ги средат глобалните енергетски пазари што се под закана од последиците од руската инвазија врз Украина.
„Утринава, над 30 земји од целиот свет се состанаа на вонреден состанок и се согласија на пуштање на пазарот на десетици милиони дополнителни барели нафта“, рече Бајден во обраќањето од Белата куќа.