Проповедниците на врховната надмоќ на белата раса претставуваат најсмртоносната терористичка закана во САД, изјави американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.
– Внатрешниот тероризам на белите расисти е најсмртоносната терористичка закана во нашата земја. За таа цел, нашата администрација ги презема првите сеопфатни напори за борба против заканата од внатрешниот тероризам, вклучително и движењето за надмоќ на белата раса. Ние го правиме тоа со преземање акција за намалување на нивото на радикализам преку интернет и борбата против мобилизирањето со цел вршење акти на насилство. Ние, исто така, ги уништуваме мрежите кои поттикнуваат насилство и внатрешен тероризам. Не можеме и не смееме да негуваме омраза, истакна Бајден.
Претходно, тој и наложи на својата администрација да ја зајакне борбата против внатрешниот екстремизам, да спроведе целосна проценка на неговите ризици во врска со немирите што се случија во американскиот Конгрес на 6 јануари.
Министерот за правда и јавен обвинител Мерик Гарланд нагласи дека американските власти извршиле околу 650 апсења од почетокот на немирите во Капитол Хил. На 6 јануари, приврзаници на републиканецот Доналд Трамп, тогашен претседател на САД, упаднаа во зградата на Конгресот за да го блокираат верификувањето на резултатите од претседателските избори во ноември 2020 година на кои победи демократот Џо Бајден.