Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Иран не може да дејствува неказниво.
На прашањето каква порака испраќаат САД до Иран со воздушните напади врз Сирија, тој рече дека тоа е предупредување до Техеран „да биде внимателен“.
– Не можете да дејствувате неказнето. Бидете внимателни, рече Бајден на прес-конференција по посетата на погодените од снежната бура подрачја во Тексас.
Бајден одобри САД да извршат воздушни напади врз објекти кои припаѓале на милицијата поддржана од Иран во источна Сирија како одговор на ракетни напади врз американски цели во Ирак.