Американскиот претседател Џозеф Бајден не присуствуваше на состанокот закажан за денеска поради стоматолошката интервенција на која ќе му биде извршена, соопшти Белата куќа.

Бајден во неделата се пожалил на забоболка, по што истиот ден бил извршен преглед, се вели во изјавата на докторот на Бајден што била дистрибуирана до медиумите.

Лекарот на Бајден, Кевин О’Конор изјави дека болките на претседателот се зголемиле утрово и дека неговиот медицински тим денеска ќе изврши интервенција на забот, пренесе Ројтерс.

Белата куќа утринава го откажа појавувањето на Бајден на прославата на колеџ спортистите.