Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на јавноста.
„Конечно, режимот на Асад падна“, рече тој.
„Овој режим брутализираше, мачеше и уби буквално стотици илјади невини Сиријци“, додаде Бајден.
Тој рече дека ова е момент на „историска можност за напатените луѓе во Сирија да изградат подобра иднина“, но додаде дека тоа е исто така „момент на ризик и неизвесност“.