Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска пред камери ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19 на производителот Фајзер и БиоНтек.
– Мој прв приотитет е вакцината да ја примат луѓето што побрзо, посочи Бајден.
Тој првата доза од вакцината ја прими на 21 декември, исто така пред камери и тогаш ги повика граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.
Во САД повеќе од 374.000 луѓе починаа од последици од новиот коронавирус.