Американскиот претседател Џо Бајден ќе добие трета доза од вакцината против „Ковид-19“, но ќе чека да биде широко достапна, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
– Ќе почекаме додека не биде широко достапна, што очекуваме наскоро, рече Псаки за новинарите во Белата куќа.
Бајден за Еј-Би-Си њуз во август рече дека тој и неговата сопруга Џил Бајден ќе добијат трета доза од вакцината против Ковид-19 за зајакнување на имунитетот, кога неговата администрација ги објави плановите да им се стави на располагање третата доза на вакцината на возрасните во САД од 20 септември.
Програмата за трета доза е во тек, иако милиони Американци допрва треба да ја примат првата доза.
Бајден (78) и неговата сопруга ја добија првата доза на „Фајзер/Бионтек“ во декември, кога вакцините штотуку беа увезени во САД.