Американскиот претседател Џо Бајден смета дека гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо треба да поднесе оставка доколку истрагата ги потврди наводите за сексуално вознемирување против него. Во интервју за Еј-Би-Си што ќе биде објавено денеска за неговиот долгогодишен демократски сојузник, тој додава дека обвинувањата треба да се сфатат сериозно и да се испитаат и дека тоа е во тек.
Бајден беше обвинет за сексуално вознемирување во 90-те години од поранешна вработена за време на неговата изборна кампања, но обвинувањата не беа докажани.
Потпретседателката Камала Харис постојано ги пренасочуваше прашањата за Куомо, додека истакнатите демократи побараа гувернерот на Њујорк да се повлече.
Најмалку седум жени, поранешни вработени, го обвинија гувернерот за сексуално вознемирување на работното место.
Сепак, Куомо повеќепати одби да даде оставка и ги негираше обвинувањата. Јавниот обвинител Летича Џејмс назначи надворешен адвокат да ги испитува тужбите против Куомо. Истрагата за импичмент на обвинувањата што може да доведе до негово отстранување почна минатата недела.
Куомо исто така се соочува со критики за одговорот на неговата администрација за смртните случаи од Ковид-19 во домовите за стари лица, за која државниот обвинител рече дека е намалена за околу 50 проценти.Во анкети – 59 отсто сметаат дека тој не треба да се кандидира за реизбор.