Американскиот претседател, Џо Бајден, ги повика демонстрантите во Минеаполис, кои излегоа на улиците по убиството на 20-годишниот црнец Донте Рајт, да се воздржат од насилство и побара да се утврди одговорноста за овој немил настан.

-Ова е навистина трагичен настан, но мора да почекаме на резултатите од истрагата. Во меѓувреме, би сакал уште еднаш да бидам јасен: Нема апсолутно никакво оправдување за насилството. Мирните протести се разбирливи. Додека чекаме целосната истрага да заврши, знаеме што треба да правиме за да одиме напред: да ја вратиме довербата и да ја осигуриме  одговорноста за никој да не може да се стави над законот, рече Бајден.

Шефот на полицијата во населбата Бруклин Центар, каде се случи убиството, Тим Ганон изјави дека полицајката која го убила во Рајт тоа го сторила „случајно“, бидејќи место „шокер“ по грешка земала пиштол.