Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе разговара со израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху.
На прашањето на новинарите дали може да се избегне сеопфатна војна на Блискиот Исток, тој одговори: „Тоа мора да може да се избегне. Ние навистина мора да го избегнеме“.
Либанското Министерство за здравство денеска соопшти дека во последната серија израелски напади загинале речиси 50 луѓе. Прелиминарните податоци покажуваат дека 24 лица загинале, а 29 се ранети во денешниот напад во близина на јужната престолнина Сидон. Во нападите врз областа Баалбек-Хемел во источен Либан, загинаа 21 лице, а 47 беа повредени во нападот врз областа Бекаа, соопшти Министерството.
Медиумите под контрола на Хутите објавија дека четири лица загинале, а 33 се повредени во израелски воздушен напад врз пристаништето Ал-Худаида. Тие велат дека еден пристанишен работник и тројца инженери загинале во електраната Ал Хали во северниот дел на градот, а спасувачките служби трагаат по урнатините за преживеани.