Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е можна општа војна на Блискиот Исток, но дека постои и можност да се постигне решение за конфликтите на Израел во Газа и со Хезболах.
„Општа војна е можна, но мислам дека има и можност – сè уште сме во игра да постигнеме решение што може суштински да го промени целиот регион“, изјави Бајден за ABC.
Бајден рече дека е „мирен“ во врска со неговата одлука да се откаже од претседателската трка во 2024 година.