САД нема да се вратат во март 2020 година, рече американскиот претседател Џо Бајден, во своето обраќање до јавноста, по повод кризата предизвикана во САД од брзото ширење на омикрон, новиот вид на ковид -19.
Тој се осврна на почетокот на ковид-кризата, кога вакцините беа недостапни за светот и кога експертите не знаеја речиси ништо за болеста.
„Сите треба да бидат загрижени за омикрон, но не смееме да паничиме. Подготвени сме“, рече Бајден.
Претседателот на САД рече дека за разлика од почетокот на пандемијата на коронавирусот, земјата сега располага со вакцини и има многу заштитна опрема, особено за медицинскиот персонал кој е во директен контакт со заразените.
Бајден рече дека оние кои не се вакцинирани треба да бидат загрижени, додавајќи дека нивна „патриотска должност“ е да ја примат вакцината против коронавирус.