Американскиот претседател Џо Бајден накратко ја коментираше веста за авионската несреќа во која наводно загинал Евгениј Пригожин.
„Не знам точно што се случило, но не сум изненаден“, им рекол Бајден накратко на новинарите додека заминувал на вежбање на езерото Тахо, каде што моментално одмара со своето семејство.
“I don’t know for fact what happened, but I am not surprised,” @POTUS tells reporters when asked about the plane crash as he departed an exercise class in Lake Tahoe, where he is vacationing with his family https://t.co/mAqkq3rlR7
— Jordan Fabian (@Jordanfabian) August 23, 2023
Да потсетиме, Белата куќа претходно потврди дека Бајден бил информиран за последните случувања во врска со авионот Пригожин.